ИРАН ПОПУШТИ – Хормускиот теснец повеќе нема да биде блокиран

Вашингтон и Техеран во неочекуван договор а светот изненаден од пресвртот.

ИРАН ПОПУШТИ – Хормускиот теснец повеќе нема да биде блокиран
Фото: Принтскрин

Иран се согласи никогаш повеќе да не го затвора Хормускиот теснец, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.

Во објава на мрежата „Вистина“, тој нагласи дека контролата врз Хормускиот теснец никогаш повеќе нема да се користи „како оружје против светот“.

„Одличен и голем ден за светот“ – напиша Трамп.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, изјави претходно денес дека пловидбата низ Ормускиот теснец ќе биде целосно отворена за сите комерцијални бродови до крајот на периодот на прекин на огнот, во согласност со договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Либан.

„Минувањето на бродовите низ теснецот ќе биде дозволено преку координирана рута како што веќе објави Иранската поморска организација – напиша тој на платформата X.

Потоа Трамп му се заблагодари на Иран на својата платформа „Вистина“, наведувајќи дека стратешки важниот воден пат е „целосно отворен и подготвен за целосен премин“.

Во исто време, тој истакна дека поморската блокада ќе остане на сила кога станува збор за Иран, сè додека, како што изјави, не се постигне целосен договор меѓу двете страни.

Американскиот претседател им се заблагодари на Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар за нивната голема храброст и помош и најави дека Иран, со помош на САД, ќе ги отстрани сите мини од Ормутскиот теснец.

CATEGORIES
TAGS
Share This