ДРАМА ВО „КРАЛСКИОТ КЛУБ“ – Реал без трофеј, следува голема чистка
Кралевите“ веќе испаднаа од Купот на Кралот и заостануваат во трката за титулата во Ла Лига.

Раководството на Реал Мадрид донело одлука околу тренерската позиција во клубот. „Кралевите“ наводно се подготвени да се разделат со Алваро Арбелоа по елиминацијата од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Според „Атлетик“, младиот шпански стратег, кој го наследи Чаби Алонсо, ќе ја доврши сезоната, но без освоен трофеј за мадридскиот гигант. Тимот веќе испадна од Купот на Кралот, додека во Ла Лига заостанува девет бодови зад шампионот Барселона.
Во меѓувреме, како можни наследници на клупата се споменуваат Јирген Клоп и Зинедин Зидан. Клоп засега не покажува знаци дека е подготвен за нов предизвик по долгата етапа во Ливерпул, додека Зидан се поврзува со преземање на репрезентацијата на Франција по заминувањето на Дидие Дешамп по Светското првенство ова лето.
Како дополнителни опции се разгледува и францускиот селектор, а на листата се наоѓа и Маурисио Покетино, кој досега има освоено три трофеи, главно за време на периодот во Пари Сен Жермен.
Инаку, по натпреварот со Баерн, претседателот на Реал, Флорентино Перез бил току бесен што стрчал кон соблекувалната и побарал играчите да ја завршат сезоната достоинствено и најавил дека некои од нив нема да бидат дел од кралскиот клуб во следната сезона.
