ДВА КОНЦЕРТИ, ЕДНА МАГИЈА – Симон Трпчески подготвува спектакл каков што не сме виделе

Две ексклузивни концертни вечери со светски познатиот пијанист Симон Трпчески.

ДВА КОНЦЕРТИ, ЕДНА МАГИЈА – Симон Трпчески подготвува спектакл каков што не сме виделе
Фото: Принтскрин

Македонската публика ова лето ќе има можност да ужива во две ексклузивни концертни вечери со еден од најистакнатите уметници од домашната сцена, пијанистот Симон Трпчески.

Светски признат уметник со импресивна меѓународна кариера, настапи на најпрестижните концертни сцени и соработки со водечки оркестри, Трпчески одамна ја надмина локалната рамка и се вбројува меѓу најценетите класични музичари на светско ниво.

Ова лето, публиката ќе има прилика да го слуша во два различни, но подеднакво магични амбиенти на 13 август во Античкиот театар во Охрид и 14 август во Хераклеа, Битола.

Античкиот театар во Охрид, еден од најзначајните културно-историски локалитети во земјата, ќе понуди уникатна атмосфера во која музиката добива посебна, речиси безвременска димензија. Настапот на Трпчески во овој амбиент ветува доживување кое ги спојува историјата и уметноста во една целина.

Веднаш следниот ден, концертната приказна продолжува во Хераклеа во Битола на локација позната по својата извонредна акустика и впечатлива атмосфера под отворено небо. Иако различни по карактер, двата концерта нудат врвно уметничко искуство исполнето со емоција и музичка префинетост.

Овие настапи претставуваат ретка можност домашната публика да го доживее Трпчески во инспиративни амбиенти кои ја нагласуваат силата на неговиот израз и уметничка енергија.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, како и во Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.

CATEGORIES
Share This