УЖАС ПРЕД ВЕЛИГДЕН – Казни од 19.000 евра и стотици килограми расипана храна

Пред Велигден спроведени 1.221 вонредна контрола низ целиот синџир на храна.

УЖАС ПРЕД ВЕЛИГДЕН – Казни од 19.000 евра и стотици килограми расипана храна
Фото: Принтскрин

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа парични казни во износ од над 19 илјади евра во денарска противвредност на оператори со храна, по спроведени 1.221 вонредна контрола пред Велигденските празници.

Во рамки на контролите, уништени се над 272 килограми небезбедна храна, претежно од животинско потекло, како и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од Србија, чиј увоз бил спречен и кои биле безбедно уништени на депонијата „Дрисла“.

Утврдените неправилности вклучуваат продажба на храна со истечен рок, употреба на замрзнато месо (триминг) во месни производи, несоодветно означување на производи и други недостатоци. За овие пропусти се донесени 35 решенија за нивно отстранување и изречени се 6 опомени.

Контролите биле насочени кон спречување на нелегална трговија и пласирање небезбедна храна пред празниците. Притоа било утврдено дека 7 објекти не се регистрирани како оператори со храна во АХВ, 3 оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи на вработените, а 13 објекти не ги исполнувале основните хигиенски и технички услови за работа.

CATEGORIES
Share This