ЕКСПЛОЗИВНИ ТВРДЕЊА – Иран тврди дека американските бродови се во нивен ракетен дострел

Тензии на Блискиот Исток достигнуваат ново ниво по жестоки закани од Техеран.

ЕКСПЛОЗИВНИ ТВРДЕЊА – Иран тврди дека американските бродови се во нивен ракетен дострел
Фото: Принтскрин

Воен советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека Иран би можел да ги нападне и потопи американските воени бродови во близина на Ормутскиот теснец, доколку дојде до ескалација на тензиите.

Тој предупреди дека американските поморски сили се во домет на иранските ракетни системи.

„Американските воени бродови се на нишан на нашите ракетни системи и можеме да ги потопиме сите. Нема да дозволиме ниту еден од нив да се повлече“, изјавил Резаи, според медиумски извештаи.

Според неговите тврдења, иранските сили веќе имаат распоредено системи насочени кон американски воени бродови, меѓу кои и носачот на авиони „Абрахам Линколн“.

Во меѓувреме, во понеделник, 13 април, американскиот претседател Доналд Трамп прогласил поморска блокада на иранските пристаништа и на Ормутскиот теснец, што дополнително ги засилило тензииите во регионот.

CATEGORIES
TAGS
Share This