ПАПАТА ЈА ПРЕДИЗВИКУВА БЕЛАТА КУЌА – Не му се плашам на Трамп
Папата Лав XIV порача дека нема да молчи и покрај критиките од Доналд Трамп.

Папата Лав XIV изјави дека не се плаши од критиките на американската администрација и дека ќе продолжи јавно да се огласува, и покрај реакциите на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој претходно ги оспори неговите ставови за војната со Иран.
Зборувајќи пред новинарите во папскиот авион за време на патувањето во Алжир, Папата Лео XIV нагласи дека неговите пораки не се насочени како политички напади.
„Нема да влегувам во дебата. Она што го кажувам не е наменето како напад врз никого“, рече Папата.
Тој додава дека Црквата треба да поттикнува мир, помирување и избегнување на војни.
Тој истакна дека ќе продолжи со својата мисија како поглавар на Римокатоличката црква, нагласувајќи дека „не се плаши од администрацијата на Трамп“ и дека неговата задача е да ја пренесува пораката на Евангелието, а не да води политика.
„Ние не сме политичари. Јас верувам во пораката на мирот“, додаде папата.
Одговорот следи по критиките од Трамп, кој го обвини папата за „слабост кон криминалот“ и „лоша надворешна политика“, тврдејќи дека папата погрешно ја толкува неговата администрација и прашањата поврзани со верските слободи за време на пандемијата.
