МИНИСТРИТЕ МЕЃУ ИСЕЛЕНИЦИТЕ – Сцени кои ретко се гледаат за Велигден
Делегацијата се сретна со македонската заедница во Њу Џерси за Велигден.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави го одбележал големиот христијански празник Велигден.
Тој наведе дека попладнето, заедно со припадници на македонската заедница во САД, бил одбележан празникот кој го опиша како симбол на надеж, вера и заедништво.
Муцунски соопшти и дека заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги посетиле црквите „Св. Никола“ во Тотова, Њу Џерси и „Св. Кирил и Методиј“ во Сајдер Гроув, Њу Џерси.
Тој нагласи дека присуството меѓу иселениците за време на големиот празник претставува силна порака за поврзаноста со дијаспората, како и поддршка за напорите за зачувување на верата, традицијата и македонскиот идентитет.
Во својата објава, министерот упати велигденска честитка со зборовите: „Христос воскресе! Честит Велигден!“
