ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА ЏЕБОТ – Поефтинување на горивата
Намалување на цените на дизелот и бензините од следната седница на РКЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се очекува одлука со која ќе се намалат цените на горивата.
Според најавите, дизелот би поевтинел за околу 2,5 денари по литар, додека бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 би се намалиле за приближно 1,5 денари.
Со тоа, максималните цени би изнесувале околу 82 денари за литар за Еуросупер 95, 84 денари за Еуросупер 98 и 95,5 денари за дизел, без да се пресметаат попустите од ОКТА, кои се 2 денара за бензините и 3 денари за дизелот.
Мицкоски нагласи дека очекуваната одлука се темели на анализа на движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи во изминатата недела.
Тој додаде дека мерките за намалено ДДВ од 18 на 10 проценти и усогласувањето на акцизите остануваат на сила, при што државата, како што рече, продолжува да обезбедува стабилно снабдување со нафта и деривати за граѓаните и стопанството.
