ОН ПРЕСУДИ ПРОТИВ БУГАРИЈА – Мицкоски не очекува пресврт, еве зошто

Барање за поактивна улога на Европската унија во решавањето на спорот со Бугарија.

ОН ПРЕСУДИ ПРОТИВ БУГАРИЈА – Мицкоски не очекува пресврт, еве зошто
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски оценува дека одлуката на Комитетот за човекови права при Обединетите нации, со која се констатира дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување, тешко дека ќе донесе суштински промени во политиките на Софија без посилен меѓународен притисок.

Тој изјави дека не очекува значаен ефект врз политиката на источниот сосед, освен ако не се вклучи „силна и робусна акција“ од Брисел.

Мицкоски нагласи дека Македонија во последниот период добива сè повеќе меѓународни потврди за своите ставови, но тоа, како што рече, не значи автоматска промена на позициите на Бугарија.

Во своите изјави, премиерот упати критика кон, како што ги нарече, политиките на „мек пристап“ на СДСМ во минатото, тврдејќи дека тие довеле до отстапки поврзани со македонскиот идентитет.

„Секој што мисли дека проблемите ќе се решат со промена на Уставот или со отстапки се лаже, тоа е или неразбирање на политиката или свесно занемарување на националните интереси“, порача Мицкоски.

Според него, без јасен и координиран став од Европската унија, не може да се очекува промена во односите, иако ваквите меѓународни одлуки ја зајакнуваат позицијата на земјата на глобалната сцена.

CATEGORIES
TAGS
Share This