СЕ ЌЕ СЕ ГЛЕДА И ВО СТРУМИЦА – Доаѓа „безбеден град“ со камерите на секој чекор

Отворени дилеми околу приватноста и заштитата на податоците.

СЕ ЌЕ СЕ ГЛЕДА И ВО СТРУМИЦА – Доаѓа „безбеден град“ со камерите на секој чекор
Фото: Принтскрин

По успешниот старт во главниот град, проектот „Безбеден град“ ќе биде проширен и во Струмица. Станува збор за иницијатива што користи современи технолошки решенија со цел унапредување на јавната безбедност, модернизација на сообраќајниот надзор и поефикасно одржување на јавниот ред.

Системот се базира на напредна технолошка инфраструктура која опфаќа паметна мрежа од камери поставени на клучни сообраќајни точки и јавни површини, со можност за следење во реално време Софтвер за автоматска анализа, кој овозможува побрзо откривање на прекршоци и поефикасна реакција на надлежните служби Дигитализиран систем на санкционирање, кој треба да придонесе за поголема сообраќајна дисциплина.

Од локалната самоуправа во Струмица најавуваат дека имплементацијата ќе се одвива фазно, со цел системот да биде прилагоден на специфичните потреби на градот. Воедно, ќе се спроведат и информативни кампањи за граѓаните, со објаснување на начинот на функционирање и придобивките од системот.

„Целта е јасна – зголемена безбедност, намалување на криминалот и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните,“ наведуваат надлежните.

Иако проектот се најавува како чекор напред во безбедноста, веќе се отвора јавна дебата. Дел од граѓаните и експертите изразуваат загриженост околу заштитата на приватноста и начинот на обработка на податоците, вклучително и информациите од паметните камери.

Останува институциите да покажат како ќе се обезбеди рамнотежа меѓу зголемената јавна безбедност и правото на заштита на личните податоци.

CATEGORIES
Share This