НЕВЕРОЈАТЕН ПОДВИГ – Астронаутите од ‘Артемис II’ се вратија, светот воодушевен
Она што астронаутите го донесоа со себе може да ја смени иднината.

По една од најризичните и најпрецизни мисии во современата вселенска ера, астронаутите од мисијата „Артемис II“ успешно се вратија на Земјата. Со овој подвиг, НАСА ја потврди сигурноста и ефикасноста на новите технологии, клучни за идното враќање на човекот на Месечината и подалечните вселенски истражувања.
По напуштањето на орбитата околу Месечината и минувањето низ најкритичната фаза со влегувањето во Земјината атмосфера, капсулата „Орион“ успешно се спушти во Тихиот Океан. Спасувачките тимови, кои внимателно ја следеа мисијата, веднаш пристапија кон обезбедување на леталото и извлекување на екипажот.
Мисијата не претставуваше само технички тест, туку и јасна потврда за подготвеноста на човештвото за следната фаза од вселенското истражување. Со успешната обиколка околу Месечината, „Артемис II“ ги постави темелите за „Артемис III“, мисија што треба да го означи враќањето на луѓето на површината на Месечината.
„Ова е успех за целото човештво. Постигнувањата од Артемис II покажуваат дека границите на можностите постојано се поместуваат. Астронаутите се безбедно дома, а со нив и знаењето што ќе ни овозможи да одиме уште подалеку,“ соопштија од НАСА.
Клучните моменти на мисијата се успешното лансирање со ракетата SLS (Space Launch System), прецизното движење во орбитата околу Месечината и собирање вредни податоци и безбедно враќање низ екстремни услови и слетување во океанот.
Овој успех дополнително ја нагласува важноста на меѓународната соработка во науката и отвора нови хоризонти за идните мисии, кои ќе го продлабочат нашето разбирање за универзумот.
