ГОЛЕМА ВЕСТ ОД СКОПЈЕ – Почнува реконструкцијата на Универзална, еве до кога ќе биде готова

По долги години одложувања и правни процедури, конечно се отвора патот за почеток на реконструкцијата

ГОЛЕМА ВЕСТ ОД СКОПЈЕ – Почнува реконструкцијата на Универзална, еве до кога ќе биде готова
Фото: Принтскрин

По долгогодишно чекање и административни пречки, започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала, еден од најважните културни симболи на Скопје и Македонија, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој информира дека постапката за избор на изведувач е успешно завршена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила како неоснована жалбата на еден економски оператор и го потврдила изборот на најповолната понуда. Со тоа, како што нагласи, се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните активности.

Проектот ќе се реализира по принцип „клуч на рака“, а завршувањето на реконструкцијата е планирано за декември 2027 година. Ова е еден од клучните проекти во рамките на подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата 2028.

Со новото руво, Универзалната сала треба да прерасне во современа, функционална и репрезентативна културна институција, наменета за театарски претстави, концерти, фестивали и други големи културни настани.

Љутков истакна дека ова е инвестиција во иднината на македонската култура, уметниците, публиката и идните генерации, додавајќи дека останува посветен на транспарентна, законита и ефикасна реализација на капиталните проекти што го зајакнуваат културниот идентитет на државата.

CATEGORIES
Share This