НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ – У-21 тренер го презема најголемиот тим на Италија
Грција и Луксембург прв тест за новиот привремен предводник.

Фото: Принтскрин
Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) соопшти дека за привремен селектор на националниот тим е назначен Силвио Балдини, досегашниот предводник на У-21 репрезентацијата.
Балдини ќе ја води сениорската селекција само на двата пријателски натпревари во јуни, на гостувањата против Грција и Луксембург.
На 22 јуни се очекува избор на нов претседател на FIGC, по што новото раководство ќе треба да именува и постојан селектор на „аѕурите“, кој ќе го наследи Џенаро Гатузо, кој си замина по неуспехот на Италија да се пласира на Светското првенство.
Следниот официјален натпревар на Италија е закажан за крајот на септември, во рамки на новата сезона од Лигата на нации, каде противници ќе бидат Франција, Белгија и Турција.
CATEGORIES Фудбал
