МАКЕДОНИЈА ДОБИВА БРЗА ПРУГА – Рокот веќе е поставен – 2031

Од владата уверуваат дека сите подготовки се во рамки на предвидениот рок и план.

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА БРЗА ПРУГА – Рокот веќе е поставен – 2031
Фото: Принтскрин

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека подготовките за изградба на брзата железница се одвиваат според планот во рамки на договорот за партнерство со Обединетото Кралство, при што почеток на градежните активности на терен се очекува наесен.

Тој посочи дека трасата веќе е дефинирана, а во тек се геолошки истражувања, изработка на студии, како и претпроектирање и проектирање. Според него, овие активности се во рамки на предвидениот едногодишен рок и треба да завршат во текот на летото, по што би следело потпишување на договор со финансиерот и старт на работите на терен.

Николоски додаде дека рокот за завршување на проектот останува до крајот на 2031 година.

Во однос на реконструкцијата на болниците во Штип, Тетово и Кичево, кои исто така се дел од истиот договор со Обединетото Кралство, тој истакна дека Министерството за финансии е во завршна фаза на избор на индикативна понуда за нивно финансирање.

CATEGORIES
Share This