СДСМ ВО КРИЗА – Ковачевски јавно прозборе за хаосот во партијата
СДСМ падна на трето и четврто место во некои градови

Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер од СДСМ, во телевизиско гостување изјави дека ја информирал партијата за своето гостување, но не добил повратен одговор дали има одобрение за настапот.
На прашањето дали има дозвола од Извршниот одбор, тој во шега одговори дека ја известил партијата, но никој не му вратил дали може да учествува, додавајќи дека интервјуто веќе било најавено.
Во разговорот, Ковачевски ја коментираше и моменталната состојба во СДСМ по изборните резултати, оценувајќи дека партијата се соочува со посериозен предизвик од обична борба за прво место, односно со потреба од враќање на својата политичка релевантност.
Тој посочи дека резултатите во урбаните средини се загрижувачки, бидејќи СДСМ во некои градови завршила на трето или четврто место, што според него претставува историски слаб исход.
Ковачевски додаде дека левиот центар е поделeн меѓу неколку политички субјекти што дополнително го фрагментира гласачкото тело.
Според него, за подобрување на резултатите не е доволна само организациска работа на терен, туку е потребна и подлабока идеолошка реформа и редефинирање на политичката понуда на партијата.
