ОГНЕНА ПОЛИТИЧКА ПОРАКА – Иран постави тешки услови за разговори со САД

Техеран порача дека разговорите зависат од исполнување на обврските за прекин на огнот, особено во Либан.

ОГНЕНА ПОЛИТИЧКА ПОРАКА – Иран постави тешки услови за разговори со САД
Фото: Принтскрин

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека продолжувањето на преговорите за прекин на конфликтот зависи од тоа дали САД ќе ги исполнат своите обврски поврзани со примирјето на сите фронтови, со посебен акцент на ситуацијата во Либан.

Според него, прекинот на огнот во Либан е дел од поширок предлог за примирје, кој наводно бил инициран од Пакистан. Багеи нагласи дека САД мора да ги почитуваат преземените обврски за разговорите да продолжат, пренесува Тасним.

Тој посочи дека запирањето на воените дејствија во Либан е интегрален дел од предложениот договор и дека секое отстапување од таа обврска би значело непочитување од страна на САД.

Багеи додаде дека можноста за преговори во Исламабад сè уште се разгледува, но дека конечната одлука, како и составот на иранската делегација, сè уште не се утврдени.

Исто така, тој се осврна на претходните тензии во регионот, повторувајќи дека Иран гледа на преговорите како на премин кон дипломатско решение, а не како на крај на конфликтот.

На крај, Багеи ги осуди, како што ги нарече, злосторствата во Либан и изрази сочувство до семејствата на жртвите, како и поддршка за либанскиот народ и „отпорот“ против, како што наведе, израелските политики.

CATEGORIES
TAGS
Share This