СКОПЈЕ ЌЕ ГОРИ ОД СТИХОВИ – 100 поети од светот доаѓаат во Скопје, еве кога и каде
Интернационални ѕвезди на сцена во Скопје со настап на 100 поети од светот во текот на три дена.

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи од 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар – Скопје и во „Буква“. На фестивалот ќе учествуваат околу сто поети од Македонија и од странство, со гости од: Кина, Хрватска, Словенија, Турција, Грција, Србија, Бугарија и Црна Гора.
Мотото на годинешниот фестивал е:
„(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…)“.
Со него организаторите сакаат да ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажат колку неговата поезија е актуелна и применлива за денешните глобални состојби. Андреј Павлов е автор на официјалниот постер.
Програма предвидува:
7 мај, 20:00 часот официјалното отворање ќе биде во МКЦ, каде што ќе настапат деветмина поети и поетеси, меѓу кои и младата поетеса Деспина Сиљаноска, победничка на „Отскочна даска #5“. По отворањето ќе следува интернационално поетско читање и поетско-музички перформанс на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора.
8 мај во МКЦ ќе следи „Поетот е присутен“ затворен настан за избрана публика. „Диптих #6“ презентација на две изданија на „ПНВ Публикации“ и избор песни од Гонџа Озмен (Турција) и Кристина Шпиранец (Хрватска). Интернационално поетско читање со десетмина учесници.
9 мај – „Буква“ со две книжевни промоции: Избор песни од Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ (Црна Гора) издание на „Култура Бета“ и стихозбирката „Тускулум“ од Денис Шкофич (Словенија) во издание на „ПНВ Публикации“. Интернационално поетско читање „THE VERSE CITY/DIVERSITY (Диверсити)“ со петнаесетмина поети и поетеси. Фестивалот ќе заврши со забава за публиката.
