ЦРВЕН КАРТОН, НЕДОСУДЕН ПЕНАЛ – ВАР повторно во центар на скандал
Барселона бараше пенал, но судијата молчеше а експерт за судење вели чист пенал.

Мадридскиот тим обезбеди победа благодарение на головите на Хулијан Алварез и Александар Сорлот. Клучна ситуација се случи во првото полувреме, кога дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, доби директен црвен картон поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Атлетико ја искористи бројната предност за да постигне два гола.
Едуардо Итуралде Гонзалез, експерт за судии за шпанските медиуми AS и Cadena SER, ги анализираше најконтроверзните моменти од натпреварите на шпанските тимови во четвртфиналето. Тој смета дека Барселона била оштетена поради непосуден пенал.
Ситуацијата се случи кога голманот на Атлетико, Хуан Мусо, му ја додаде топката на Пубиљо на средина од второто полувреме. Дефанзивецот ја прими топката со рака, наместо да ја продолжи играта. Играчите на Барселона бараа пенал, но судијата не реагираше.
„Ова е огромен технички фаул. Чист пенал. А потоа зборуваат за шпански судии… ова е скандал!“, истакна Итуралде Гонзалез.
Поконтроверзен момент беше фаулот на Кубарси врз Џулијано Симеоне. Судијата Ковач првично му покажа жолт картон, но по преглед со ВАР одлучи дека станува збор за црвен картон.
„Тоа е црвен картон. Веројатно судијата на теренот немаше најдобар агол, но ВАР мораше да го предупреди“, додаде Итуралде.
Поранешниот судија објасни дека фаулот бил како сопнување во рагби:
„Играчот трча зад противникот и изгледа како да се сопнал сам, но всушност одбранбениот играч е тој што го сопнува.“
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, исто така изрази незадоволство по натпреварот.
„Создавме неколку многу добри шанси и нема да се предадеме. Сепак, не разбирам зошто ВАР не интервенираше по играњето со рака во нашиот шеснаесетник. Требаше да биде пенал и втор жолт картон, или дури црвен картон за противникот“, изјави Флик.
