ТРАМП САКА ПАРИ ОД БРОДОВИТЕ НИЗ ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ – Еве како

Белата куќа најавува дека преминот низ Хормуз би можел да донесе милијарди на САД.

ТРАМП САКА ПАРИ ОД БРОДОВИТЕ НИЗ ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ – Еве како
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Соединетите Американски Држави би можеле да наплаќаат премин за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Таа додаде дека ова прашање ќе се разгледува во наредните денови.

Главен приоритет на Трамп е да го одржи теснецот отворен без никакви ограничувања. Иран уверува дека Ормускиот теснец е отворен, и покрај медиумските извештаи дека Техеран повторно го затворил.

Ливит истакна дека деблокирањето на теснецот и предавањето на збогатениот ураниум од страна на Иран се на врвот на приоритетите на преговарачкиот тим на Трамп. Официјален Техеран потврдува дека ќе го предаде својот ураниум.

Предавањето на збогатениот ураниум е „црвена линија“ за Трамп, нагласи таа.

На прашањето за моралната супериорност на Трамп, откако тој се закани дека ќе ја „уништи иранската цивилизација“, Ливит одговори дека Иран е „отпаднички режим кој со децении скандира смрт за Америка“ и дека претседателот има морална супериорност.

Според неа, медиумските извештаи за повторно затворање на теснецот не одговараат на реалната состојба:

„Денес видовме зголемување на сообраќајот во теснецот“, рече Ливит.

Планот од 10 точки предложен од Иран првично бил „фундаментално лекомислен, неприфатлив и целосно отфрлен“. Подоцна, Иран предложил „разумен и сосема поинаков план“.

Ливит потенцираше дека претседателот Трамп нема да прифати листа на желби од Иран како конечен договор и дека она што Иран јавно го изјавува често се разликува од тоа на што се согласува во приватни разговори.

Црвените линии на Трамп, особено прекинувањето на збогатувањето на ураниумот во Иран, остануваат непроменети.

CATEGORIES
TAGS
Share This