НАТО НЕ ГО ПОМИНА ТЕСТОТ – Трамп подготвен на драстични чекори
Американскиот претседател е разочаран од НАТО поради конфликтот со Иран и најавува можни казни.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за казни кон одредени земји-членки на НАТО за кои смета дека не ја поддржале САД и Израел во војната против Иран, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименуван извор од Белата куќа.
Според изворот, едно од разгледуваните мерки е преместување на американските трупи од овие земји во други членки на Алијансата кои покажале поголема поддршка за американските воени операции на Блискиот Исток.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп ќе разговара за можноста САД да ја напуштат НАТО со генералниот секретар, Марк Руте. Таа додаде дека двајцата веќе имале „искрен и отворен“ разговор, при што Трамп навел дека „НАТО е тестиран и не го поминал тестот“.
„Тие не го поминаа тестот затоа што ни го свртеа грбот“, истакна Ливит.
Трамп претходно изјави дека е разочаран од НАТО поради конфликтот со Иран, наведувајќи дека тековната војна оставила трага врз Алијансата „која никогаш нема да исчезне“.
На прес-конференција во Белата куќа, тој додаде дека претставници на земјите-членки ќе дојдат кај него во среда и сега сакаат да обезбедат поддршка во конфликтот со Иран. Трамп истакна дека НАТО-членките сакале да ја задржат помошта додека САД не ја добијат војната против Иран.
