ОД СОНЦЕ ДО ДОЖД – Времето носи изненадувања

Временска нестабилност со локални врнежи и засилен ветер низ Македонија

ОД СОНЦЕ ДО ДОЖД – Времето носи изненадувања
Фото: Национал

Времето денеска (08.04) ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и температура во интервал од 5 до 20 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Претпладне во југозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h).

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This