ИЗРАЕЛ СОГЛАСЕН СО ТРАМП – Ја суспендира кампањата за бомбардирање додека траат преговорите со Иран

Трамп ја суспендираше воената акција, нагласувајќи дека Иран мора веднаш и безбедно да го отвори Ормускиот теснец.

ИЗРАЕЛ СОГЛАСЕН СО ТРАМП – Ја суспендира кампањата за бомбардирање додека траат преговорите со Иран
Фото: Принтскрин

Израел се согласи да ја прекине својата кампања за бомбардирање додека траат преговорите со Иран, во рамките на двонеделното примирје што го објави американскиот претседател Доналд Трамп, само еден час и половина пред истекот на рокот што му беше даден на Техеран за отворање на Ормускиот теснец.

„Врз основа на разговорите со премиерот Шехбаз Шариф и фелдмаршалот Асим Мунир од Пакистан, кои ме замолија да ја суспендирам деструктивната сила што се испраќа во Иран, и под услов Исламската Република Иран целосно и безбедно да го отвори Ормускиот теснец, се согласувам да го суспендирам бомбардирањето и нападите врз Иран за период од две недели“, напиша Трамп на Truth Network.

Примирјето ќе трае две недели и се смета за билатерално, со цел да се овозможат преговори и да се изгради основа за долгорочно решение на конфликтот, додаде Трамп.

CATEGORIES
TAGS
Share This