ГРЦИЈА ДЕЛИ КАРТИЧКИ ЗА ГОРИВО ЗА ГРАЃАНИТЕ – Еве колку пари добиваат
Грчката влада воведува финансиска поддршка за домаќинствата погодени од високите цени на горивата.

Фото: Принтскрин
Грчката влада започна со реализација на мерката за финансиска поддршка на граѓаните погодени од високите цени на горивата, предизвикани од конфликтите во Украина. Субвенциите се наменети за домаќинствата со ниски и просечни примања.
Граѓаните кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат за „картичката за гориво“ до крајот на месецот преку државен портал.
Износ на помошта за автомобили е 50 евра за копнениот дел и 60 евра за островите додека за мотоцикли изнесува 30 евра на копно и 35 евра за островите.
Исплатата ќе се врши директно на банкарска сметка или преку дигитална дебитна картичка, и мерката важи за април и мај. Властите ја следат состојбата на пазарот и најавуваат дополнителни интервенции ако цените продолжат да растат.
CATEGORIES Бизнис
