ГОЛЕМИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ЗА ЗАКАНА НА ТРАМП – Нафтата расте како никогаш досега

Конфликтот го турна „Брент“ над 111 долари, а краткорочните договори се тргуваат со огромна премија.

ГОЛЕМИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ЗА ЗАКАНА НА ТРАМП – Нафтата расте како никогаш досега
Фото: Принтскрин

Цените на нафтата денеска пораснаа откако истекува новиот рок што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, а пазарите се загрижени за нарушувањата на глобалните енергетски резерви.

Суровата нафта „Брент“ за јуни се искачи на 111,11 долари за барел, приближувајќи се кон мартовскиот врв од 112 долари, додека американската WTI забележа сличен раст. Од почетокот на конфликтот цената на „Брент“ се зголеми за над 50%, додека WTI за мај се тргуваше за речиси 115 долари за барел, за 70% повеќе отколку пред почетокот на конфликтот.

Краткорочните договори се тргуваат со премија поради ограничениот поморски сообраќај преку Ормуската Теснина, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и течен природен гас.

Трамп предупреди на „целосно уништување“ на ирански електрани и мостови ако преминот не биде отворен, но иранската војска ја отфрли заканата.

CATEGORIES
TAGS
Share This