ПРЕТСТАВАТА НАРОДЕН ПРАТЕНИК ЈА ОСВОИ БАЛКАНСКАТА СЦЕНА – Погледнете каде ќе гостува следно
Колективната актерска игра на „Народен пратеник“ плени и критика и публика.

Претставата „Народен пратеник“, по текст на Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, ќе гостува на 5. издание на фестивалот „5-РЕ“ во Велес на 6 април.
Веднаш по настапот во Велес, ансамблот заминува за Србија, каде на 8 април ќе учествува на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац, кој се одржува од 3 до 9 април.
Претставата веќе има значајна балканска турнеја, гостувајќи на сцените на Народното позориште во Белград („Раша Плаовиќ“), во Црногорското народно позориште во Подгорица, како и на повеќе сцени низ Босна и Херцеговина. „Народен пратеник“ е изведуван и на престижни фестивали, меѓу кои и „Стериино позорје“, пред регионална публика.
Оваа претстава е добитник на повеќе престижни награди, меѓу кои: Главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Врање и специјалната „Стериина награда“ за колективна актерска игра, доделена на 70. издание на „Стериино позорје“ во Нови Сад
Во претставата настапуваат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска и Александар Михајловски (глас), како и ансамблот: Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халили.
