ОКТА ЈА ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА – Дизел и бензин по поевтини цени

Иницијативата е доброволна и трговците сами одлучуваат дали ќе го пренесат попустот.

ОКТА ЈА ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА – Дизел и бензин по поевтини цени
Фото: Национал

Попустот на горивата од ОКТА се продолжува до крајот на април.

За да се ублажи влијанието на нестабилноста на меѓународните цени, ОКТА продолжува да нуди попуст на дизел и бензин за големопродажните и малопродажните трговци до 30 април 2026 година.

  • Попустот за дизел е 3 денари по литар.
  • Попустот за бензин од 95 и 98 октани е 2 денари по литар.

Иницијативата е доброволна, што значи дека трговците можат сами да одлучат дали и како ќе ја пренесат придобивката до крајните потрошувачи. Сепак, цените на малопродажба остануваат слободно утврдливи од самите трговци.

CATEGORIES
Share This