ДАЛИ ЕВРОПА ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ БЕЗ РУСКА ЕНЕРГИЈА – Мрачна прогноза на Кирил Дмитриев

„Одбивањето на руските енергетски ресурси може да ја потопи економијата на Европа, предупредува раководителот на RDIF.

ДАЛИ ЕВРОПА ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ БЕЗ РУСКА ЕНЕРГИЈА – Мрачна прогноза на Кирил Дмитриев
Фото: Принтскрин

Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, предупреди дека Европската Унија се соочува со тешки времиња поради своето отфрлање на руските енергетски ресурси.

„Одбивањето на ЕУ да се потпре на руските енергетски резерви и други иррационални идеолошки одлуки најавуваат исклучително тешки времиња за Европа“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X. Ова го коментираше во контекст на анализата на експертите од „Волстрит журнал“, кои предупредија дека нафтената криза што го погоди азискиот пазар може да има сериозни последици и за Европа“, пренесува агенцијата РИА Новости.

Во подоцнежна објава, Дмитриев истакна дека „Азија е помудра и се грижи за своите луѓе“, алудирајќи на новите енергетски договори меѓу Русија и азиските земји, додека, според него, „ЕУ и Велика Британија го забрзуваат своето идеолошко самоуништување“.

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток практично го запре бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец кој е клучен превозен пат за нафта и течен природен гас (LNG) од Персискиот Залив што предизвика раст на цените на енергијата низ целиот свет.

CATEGORIES
Share This