ПУТИН ПОТВРДИ УЧЕСТВО НА КОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ Тие ја бранеа Русија како своја и никогаш нема да ја заборавиме нивната храброст

Според него, корејските војници рамо до рамо со руските сили ја бранеле руската татковина како своја.

ПУТИН ПОТВРДИ УЧЕСТВО НА КОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ Тие ја бранеа Русија како своја и никогаш нема да ја заборавиме нивната храброст

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изрази длабока благодарност до Северна Кореја, нејзиниот лидер Ким Џонг Ун, како и до единиците на Корејската народна армија за нивната поддршка во ослободувањето на регионот Курск од украинските сили, соопшти Кремљ.

„Корејските пријатели делуваа од чувство на солидарност, правда и вистинско другарство. Ние тоа многу го цениме и искрено сме му благодарни на претседателот за државни прашања, другарот Ким Џонг Ун, како и на целото раководство и народот на Северна Кореја“ – истакна Путин.

Тој нагласи дека рускиот народ никогаш нема да ја заборави храброста на корејските борци, оценувајќи го нивното учество како чин на „херојство, високо ниво на специјална обука и несебичност“. Според него, корејските војници рамо до рамо со руските сили ја бранеле руската татковина како своја.

Официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, појасни дека ангажманот на севернокорејските војници во операцијата за ослободување на граничниот регион Курск е во согласност со член 4 од Договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја.

CATEGORIES
TAGS
Share This