МИЦКОСКИ НАЈАВУВА – Ценовниот шок од 2022 нема да се повтори

Дневното следење покажува дека инфлацијата веќе се смирува на 4-5%.

МИЦКОСКИ НАЈАВУВА – Ценовниот шок од 2022 нема да се повтори
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам дека владините мерки ќе помогнат да се спречи повторувањето на ценовниот шок од 2022 година.

„Робусните мерки се првиот чекор којшто го преземаме. Очекуваме тие да имаат влијание врз контрола на инфлацијата. Ако се вратиме на март-април 2022 година, инфлацијата тогаш беше двоцифрена, а јас очекувам сега во март да биде околу половина од тогашната вредност“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека, според тековните анализи и дневното следење на пазарот, инфлацијата веќе покажува знаци на стабилизација.

„Според пресметките кои ги правиме и редовното следење заедно со Државниот пазарен инспекторат, очекуваме инфлација помеѓу 4 и 5%“, рече Мицкоски.

Сепак, тој истакна дека, според информациите кои ги поседува Владата, кризата може да се продолжи и дека е потребно да се подготвиме за тешка година.

CATEGORIES
Share This