ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА И ОД УКРАИНА – По православниот Велигден американски преговарачи во Киев

Специјален тим предводен од Виткоф и Кушнер може да отпатува во Киев веднаш по Велигден.

ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА И ОД УКРАИНА – По православниот Велигден американски преговарачи во Киев
Фото: Принтскрин

Тим американски претставници, предводен од поранешниот советник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер, може да отпатува во Киев оваа недела за да се обидат да ја обноват дискусијата за мировен договор, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Кушнер, Виткоф и сенаторот Линдзи Греам се очекува да дојдат. Кој друг ќе биде присутен ќе видиме“, рече Кирил Буданов за Блумберг во саботата.

Посетата би можела да се случи кратко по православниот Велигден.

Според Буданов, Трамп продолжува со притисок врз Зеленски да се согласи на мировен договор, што би можело да вклучува отстапување на делови од украинската територија. Во интервју од 25 март, Зеленски рече дека Вашингтон ја поврзал понудата за безбедносни гаранции со можноста Украина да го отстапи источниот регион Донбас на Русија.

CATEGORIES
TAGS
Share This