ЦЕНИТЕ ПОД КЛУЧ – Владата подготвува радикален потег поради Блискиот Исток

Постепено одмрзнување на цените за да се избегнат нови ценовни шокови.

ЦЕНИТЕ ПОД КЛУЧ – Владата подготвува радикален потег поради Блискиот Исток
Фото: Национал

Владата подготвува нов сет микро-таргетирани мерки за ублажување на последиците од глобалната криза, кои ќе се активираат зависно од развојот на ситуацијата на Блискиот Исток. Меѓу клучните опции е и замрзнување на трговските маржи, со можност нивното идно одмрзнување да се спроведува постепено, со цел да се избегнат ценовни шокови.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека состојбата во Персискиот Залив е сериозна и предупреди дека станува збор за една од најголемите енергетски кризи по обем од 1970-тите години наваму. Според податоци од Светската енергетска агенција, само во март директните штети врз енергетската инфраструктура во регионот се проценуваат на 50 до 70 милијарди долари, додека индиректните се значително повисоки.

Покрај надворешните предизвици, државата се соочува и со значителни финансиски обврски. Годинава треба да се сервисираат околу 2,5 милијарди евра стари долгови, како и редовно да се исплаќаат плати, пензии и тековни трошоци. Дополнително, веќе започна и враќањето на средствата од солидарниот данок.

Мицкоски нагласи дека и покрај ограничениот фискален простор, Владата спроведува мерки за заштита на животниот стандард, вклучително и намалување на акцизите и ДДВ-то за горивата. Воедно, тој истакна дека снабдувањето со горива е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка предизвикана од таканаречениот „бензински туризам“, и дека засега не се планира зголемување на буџетскиот дефицит.

CATEGORIES
Share This