ПРОФЕСОРОТ КАЛАЈЏИЕВ – Артан Груби „невин како анѓел“, обинението му е монтирано

Калајџиев тврди дека некои обвиненија се толку неоправдани, што правдата мора да се врати на почеток.

ПРОФЕСОРОТ КАЛАЈЏИЕВ – Артан Груби „невин како анѓел“, обинението му е монтирано
Фото: Социјални мрежи

Професорот по право Гордан Калајџиев ја прошири листата на случаи кои, според него, треба да бидат ревидирани, приклучувајќи се на дебатата што ја започна неговиот колега Тони Дескоски.

На социјалните мрежи, Калајџиев наведе дека, покрај предметите поврзани со трагедијата во Кочани и обвинението против Жан Митрев, треба да се преиспитаат и други случаи кои, како што ги нарече, се „политички монтирани“.

„Се согласувам со Тони. Обвинението за Кочани треба веднаш да се ревидира. За Жан Митрев сум пишувал и порано. Постојат и други политички монтирани процеси, на пример Скопје 2014, Артан Груби и други“, напиша Калајџиев.

Со ова, тој ја прошири листата на предмети кои, според дел од правната јавност, заслужуваат преиспитување. Меѓу нив е и актуелната истрага поврзана со Артан Груби за злоупотреби во Државната лотарија и набавката на ВЛТ апарати.

Овие ставови се појавуваат во период на засилени критики кон обвинителството и повици за темелна ревизија на повеќе високо профилирани предмети, со цел враќање на довербата во правосудниот систем.

CATEGORIES
TAGS
Share This