(ВИДЕО) БАРСЕЛОНА ПОБЕДИ -Но Јамал бесен не се поздрави со Флик
Германскиот стратег ја објаснува ситуацијата околу црвениот картон и реакцијата на фудбалерот.

Барселона дојде до важна победа на гостувањето во Мадрид, совладувајќи го Атлетико со 2:1 во дербито од 40. коло на шпанското првенство. Со овој триумф, а во комбинација со поразот на Реал Мадрид од Мајорка, разликата меѓу двата најголеми ривали сега изнесува седум бодови во корист на Барселона.
„По црвениот картон за домашниот тим, имавме контрола на играта и на крајот освоивме три многу значајни бодови. Секогаш потенцирам дека не ми е гајле за другите тимови и фокусирани сме на нашата работа. Секако, имаме уште области за подобрување“, изјави тренерот на Барселона, Ханси Флик.
Тој ја коментираше и реакцијата на Ламин Јамал, кој беше видливо незадоволен по завршување на натпреварот, како и ситуацијата околу црвениот картон на фудбалерот, кој по ВАР преглед беше поништен, и Барселона остана со сите 11 играчи на теренот.
„Ламин Јамал напорно работеше, дриблаше, напаѓаше и се обиде да постигне гол. По мечот беше малку вознемирен, што е нормално за дуел со толку емоции. Играњето тука во ваква атмосфера никогаш не е лесно. Среќен сум што победивме“, истакна Флик.
Германскиот стратег додаде:
„Не го видов инцидентот со Герард на телевизија, но кога го гледав во живо, јасно видов дека прво ја доби топката, и за мене тоа никако не беше црвен картон“.
На крајот на натпреварот, камерите го регистрираа Јамал како заминува кон соблекувалната видливо разочаран, без да ги поздрави противничките играчи или тренерот Флик. По натпреварот, германскиот експерт појасни дека натпреварот бил полн со емоции и дека Јамал дал сè од себе за вториот гол.
„Секогаш кога ја прими топката, тој е достапен, што е голема предност за нас. Следната недела се подготвуваме за Лигата на шампионите, и верувам дека ќе биде во подобро расположение“, заклучи Флик.
🚨 Hansi Flick on Lamine’s reaction: “I don’t know what happened but he tried his best, he was great”.
“Next week, UCL, we go again, he’ll be in a better mood”.@DAZNFutbol 🎥©️ pic.twitter.com/HwjEmBPm3j
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 4, 2026
