ЗОИ 2026 РУШИ РЕКОРДИ – 3.000 тестови, 0 допинг
Првпат од 1998 година Зимските олимписки игри поминуваат без скандал.

Фото: Принтскрин
На Зимските олимписки игри 2026, кои се одржаа во Милано и Кортина на почетокот на оваа година, не е регистриран ниту еден случај на прекршување на антидопинг правилата, објави Би-Би-Си.
Вкупно беа собрани повеќе од 3.000 тестови од речиси 2.000 спортисти, а ниту еден од нив не покажал позитивен резултат. Ова е првпат од Олимпијадата во Јапонија 1998 година да нема забележан допинг случај на Зимски игри.
Меѓународната агенција за тестирање претходно соопшти дека 92% од учесниците биле тестирани барем еднаш во шест месеци пред почетокот на игрите, а генералниот директор, Бенџамин Коен, ја нарече ова „најобемната програма за тестирање досега“.
CATEGORIES Останати спортови
