НОВО ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ – Министерството го промени образованието со еден клик

Министерството и ДЗС ја донесоа дигиталната револуција во образованието.

НОВО ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ – Министерството го промени образованието со еден клик
Фото: Принтскрин

Министерството за дигитална трансформација и Државниот завод за статистика (ДЗС) промовираа три нови електронски услуги на порталот uslugi.gov.mk.

Тие се наменети за студенти кои дипломирале на додипломски студии и лица со магистерски, специјалистички или докторски титули.

Министерот Стефан Андоновски истакна дека со овие услуги се завршува пакетот електронски услуги за високото образование. Најголема придобивка е значително побрзото пополнување на документацијата. Досега пополнувањето траеше околу 10 минути, а сега процесот е намален на 1-2 минути, бидејќи обрасците се автоматски “предпополнети” со податоци од постоечките бази.

„Наша задача е да ја обезбедиме платформата, а институциите како ДЗС покажуваат колку таа е корисна“, рече Андоновски.

Тој додава дека бројот на е-услуги месечно се зголемил дури 10 пати.

CATEGORIES
Share This