ОГЛАС ЗА 300 ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ – Твојата шанса да служиш на татковината
Министерството за одбрана бара млади херои, пријави се веднаш.

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата на Северна Македонија.
Општи услови за кандидатите се да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат соодветна здравствена и физичка способност
Посебни услови се завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот.
Јавниот оглас трае 15 дена, вклучувајќи го денот на објавување Сите дополнителни информации, процедури и формулари се достапни на веб-страницата на Министерството за одбрана: линк до огласот
Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност за стабилна и сигурна кариера, континуирана обука, личен развој и развој на тимски вештини во служба на татковината.
