НОЌЕН АТАК ВРЗ РУСИЈА – Гасоводот „Турски тек“ нападнат од три дрона

Ситуацијата ја следат и руските власти за да се обезбеди сигурен извоз на гас.

НОЌЕН АТАК ВРЗ РУСИЈА – Гасоводот „Турски тек“ нападнат од три дрона
Фото: Принтскрин

Синоќа, гасоводот за извоз на гас „Турски тек“ беше цел на напад со беспилотни летала, објави „Газпром“.

„Во периодот од 00:40 до 01:00 часот (локално време), компресорската станица „Руска“, која обезбедува извоз на гас преку „Турски тек“, беше нападната од три дронови“, се наведува во соопштението.

Нападот е успешно одбиен благодарение на заедничките напори на Министерството за одбрана на Русија и мобилните оперативни групи, а објектот не е оштетен.

CATEGORIES
TAGS
Share This