dm СО КАТЧЕ ЗА БЕСПЛАТНИ ГИНЕКОЛОШКИ СОВЕТИ – Дегустација на dmBio безалкохолни коктели и енергетска поддршка на женската трка во Градски парк
Посебно внимание ќе им биде посветено и на учесничките на женската трка.

На 5 април во 10 часот, dm ќе биде присутен со свое катче кај фонтаната во Градскиот парк, како дел од ,,Женска трка“, и сите тркачи и посетители ќе можат да добијат совети за женското здравје од специјалисти гинеколози, да дегустираат dmBio безалкохолни коктели или да ја вратат или зачуваат својата енергија со додатоци во исхраната, спрејови за освежување и за заштита од сонце и со хигиенски влошки.
Во dm катчето, во соработка со Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, ќе биде организирано бесплатно советување со гинеколози, со цел посетителките да добијат стручно мислење, корисни информации и поддршка за теми поврзани со женското здравје. Во советувањето ќе учествуваат Весна Блажевска Сиљаноска и Огнен Богданоски, специјалисти доктори по гинекологија и акушерство.
Покрај советувањето, dm катчето ќе понуди и пријатна атмосфера за сите посетители, со дегустација на dmBio безалкохолни коктели, како и зона за опуштање, наменета за краток одмор, освежување и уживање во содржините што ќе бидат достапни во текот на денот.
Посебно внимание ќе им биде посветено и на учесничките на женската трка. Во рамки на SOS катчето, за тркачите ќе бидат обезбедени освежување и можност за користење производи од dm марките, меѓу кои Mivolis магнезиум за енергија, Balea спреј за освежување на телото, sundance производи за заштита од сонце и Jessa влошки. На овој начин, dm ќе обезбеди дополнителна поддршка за учесничките, со производи наменети за поголема удобност, нега и чувство на свежина пред и по трката.
Годинава, соработката меѓу dm и МАГО добива и дополнителна општествено одговорна димензија. Под комуникацијата „Трчам напред, за таа да не чекори назад“, 150 жени од dm и МАГО се пријавени на женската трка, а преку оваа иницијатива ќе бидат донирани и 150 пакети со dm менструални производи, кои преку МАГО ќе бидат дистрибуирани до жени на кои им се најпотребни. Дополнително, МАГО ќе обезбеди и бесплатна едукативна работилница на тема менструално здравје која ќе се одржи на 30 април во Општината Шуто Оризари.
Со своето присуство на овој настан, dm уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иницијативи што ги поврзуваат грижата, едукацијата и поддршката за заедницата. Сите посетители се поканети да го посетат dm катчето кај фонтаната и да бидат дел од ден исполнет со корисни информации, освежување и содржини посветени на добросостојбата.
