МАКЕДОНСКИОТ НЕОЛИТ ОТКРИЕН ПРЕД СВЕТОТ – Тајните антропоморфни куќи го освоија Archaeology Magazine

Овие древни македонски модели на куќи криеја тајни илјадници години и сега светот ги откри.

МАКЕДОНСКИОТ НЕОЛИТ ОТКРИЕН ПРЕД СВЕТОТ – Тајните антропоморфни куќи го освоија Archaeology Magazine
Фото: Принтскрин

Популарното списание Archaeology Magazine, едно од најчитаните во светот за археологија, објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. Центарот за истражување на предисторијата оцени дека вклучувањето на македонски артефакти во светски престижно списание претставува врвна афирмација за нашето културно наследство.

– Во најновиот број на списанието е објавен напис за древните модели на куќи во светот, со посебен осврт на оние откриени во Македонија. За прилогот бил консултиран археологот Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата, кој во разговор со уредникот ја истакнал улогата на најважните општествени промени во неолитот и нивното влијание врз материјалната култура.

Особено бил нагласен обредниот карактер на неолитските куќи, кој се отелотворувал преку антропоморфните модели на куќи и првично изработени во Пелагонија, а подоцна и во другите региони на Македонија. Прилогот ги објаснува и функциите на овие модели како комеморативни ламби, користени во чест на основачите на куќите и на оние што духовно се грижеле за нив, наведува Центарот.

Објавувањето на прилогот предизвикало големо внимание меѓу читателите во светот.

Ова го покажува љубопитството на светската јавност за нивната мистериозна улога. Интересот на едно врвно списание за нашите антропоморфни модели ја потврдува нивната соодветна презентација во истакнати меѓународни публикации од страна на македонски археолози. Сепак, неопходна е уште поголема афирмација и заштита на овие уникатни артефакти, кои заслужуваат поголемо присуство во светската јавност. Во секој случај, овој прилог на Archaeology Magazine е значаен чекор кон приближување на овие извонредни предисториски предмети до љубителите на минатото и отвора нови можности за нивно натамошно меѓународно презентирање и проучување.

CATEGORIES
Share This