МЕСИ СЕ ЗБОГУВА СО ДОМАШНАТА ПУБЛИКА – Аргентина ја разнесе Замбија со 5-0

Меси оди во историјата како последен пат пред своите навивачи.

МЕСИ СЕ ЗБОГУВА СО ДОМАШНАТА ПУБЛИКА – Аргентина ја разнесе Замбија со 5-0
Фото: Принтскрин

Аргентина ја декласираше Замбија со 5-0 во емотивен пријателски натпревар на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес. Натпреварот имаше посебно значење, бидејќи Николас Отаменди и, најверојатно, Лионел Меси, настапија последен пат за репрезентацијата на домашен терен.

Во 53-тата минута, кога беше досуден пенал за Аргентина, Меси, кој веќе постигна гол во првото полувреме, му дозволи на Отаменди да шутира, па дефанзивецот се прости со погодок.

Иако сè уште нема официјална потврда, сите знаци укажуваат дека ова ќе биде последниот настап на Меси пред домашната публика во дресот на Аргентина.

Со голот на овој натпревар, Меси ја зголеми својата вкупна бројка на погодоци на 902, а Замбија стана 40-та различна селекција против која тој постигнал гол во блескавата кариера.

CATEGORIES
Share This