ИРАНСКАТА ГАРДА ВО АКЦИЈА – Американските технолошки гиганти на нишанот

Иранските гарди ги предупредуваат американските компании: Утре може да биде премногу доцна.

ИРАНСКАТА ГАРДА ВО АКЦИЈА – Американските технолошки гиганти на нишанот
Фото: Принтскрин

Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ) објави рок по кој ќе започне потенцијални напади врз американски компании во регионот. Според иранските државни медиуми, рокот е утре во 20:00 часот по техеранско време.

„Ги игнориравте нашите повеќекратни предупредувања за потребата од запирање на терористичките операции. Денес, како последица на терористичките напади извршени од вас и вашите израелски сојузници, загинаа неколку ирански граѓани“, наведуваат од ИРГЦ.

Иранските гарди посочуваат дека клучните институции кои учествуваат во терористички активности ќе се сметаат за легитимни цели. Вработените во овие компании се повикани „веднаш да ги напуштат своите работни места“.

Меѓу компаниите кои според ИРГЦ би можеле да бидат насочени се познати технолошки и индустриски гиганти како: Мајкрософт, Гугл, Епл, Интел, ИБМ, Тесла и Боинг, вкупно 18 компании наведени во соопштението.

CATEGORIES
TAGS
Share This