НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ – Месечната плата на Зеленски пријатно ќе ве изненади

Зеленски ги објави вкупните приход на семејството а неговата месечна плата е 680 евра.

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ – Месечната плата на Зеленски пријатно ќе ве изненади
Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги објави своите финансиски податоци за 2025 година. Според декларацијата за имотот, вкупниот приход на семејството изнесувал 15,8 милиони гривни (околу 390.000 евра).

Најголем дел од приходите доаѓа од државни обврзници (OVDP) околу 8,36 милиони гривни (204.000 евра). Остатокот се состои од плата, камата и приходи од изнајмување недвижен имот.

Тековниот приход на Зеленски во текот на годината изнесувал околу 7,44 милиони гривни (181.000 евра), додека неговата годишна плата била 336.000 гривни (8.200 евра), односно околу 28.000 гривни месечно (680 евра).

Декларацијата наведува дека немало значителни промени во средствата на семејството, вклучувајќи недвижнини и возила, во споредба со претходната година.

За споредба, вкупниот приход на семејството Зеленски во 2024 година изнесувал нешто повеќе од 15,2 милиони гривни (370.000 евра), при што најголемиот дел повторно бил од државни обврзници.

CATEGORIES
TAGS
Share This