ИТАЛИЈА ИМ РЕЧЕ НЕ НА САД – Не може да ја користите базата на Сицилија
Американските сили без одобрение сакале да ја користат базата за операции против Иран.

Фото: Принтскрин
Според извештајот на „Кориере дела Сера“, Италија го одбила барањето на САД да ја користат воената база Сигонела на Сицилија. Инцидентот се случил пред неколку дена, но јавноста дозна за тоа денес.
Американската страна планирала, без претходна дозвола, да префрли свои сили преку базата за активности на Блискиот Исток, при што не се воделе преговори со италијанското воено раководство. Според извори, не се работело за рутински логистички летови, туку за специфични операции.
Слично, шпанската влада претходно го затвори својот воздушен простор за авиони што учествуваат во американско-израелската операција против Иран.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест
