ГОЛЕМА ВЕСТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО – Платите ќе растат од март

Првпат посебен договор и платите и правата на вработените во Обвинителството се системски уредени.

ГОЛЕМА ВЕСТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО – Платите ќе растат од март
Фото: Принтскрин

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, заедно со претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и претседателката на синдикалната организација при јавните обвинителства, Изабела Илиева, денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство.

Станува збор за прв поединечен колективен договор со кој системски се уредуваат правата на вработените во јавнообвинителската служба. Документот предвидува и етапно зголемување на платите, кое ќе започне со исплатата на мартовската плата во 2026 година.

Савески го оцени потпишувањето како значаен чекор напред за подобрување на статусот на вработените, нагласувајќи дека овој процес се реализира на самиот почеток од неговиот мандат, во насока на создавање услови за поефикасна работа на обвинителствата и унапредување на правата на службениците.

Во рамки на разговорите со синдикалните претставници биле отворени и прашања поврзани со законските решенија за јавното обвинителство и јавнообвинителската служба, кои се во тек на постапка. Притоа, двете страни изразиле подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на меѓусебната соработка.

CATEGORIES
Share This