ШОКАНТНО НА ЈАВНИОТ СЕРВИС МРТ – Дете пее за „албански територии“, реакциите вријат

Настап на 13-годишно девојче со контроверзна симболика отвори жестока дебата.

ШОКАНТНО НА ЈАВНИОТ СЕРВИС МРТ – Дете пее за „албански територии“, реакциите вријат
Фото: Принтскрин

Емитувањето на песната „Trojet shqiptare“ („Албански територии“) на вториот канал на Македонската радио-телевизија, во рамки на детски фестивал, предизвика реакции во јавноста.

Настапот бил прикажан на 28 март околу 11 часот, а песната ја изведува 13-годишно девојче. Внимание привлече визуелниот дел од настапот, каде изведувачката носи маица со мапа што дел од јавноста ја поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“.

Содржината на песната вклучува патриотски мотиви и пораки за единство, со стихови во кои се споменува подигнување на знамето и надеж за заедништво во иднина. Песната завршува со пораки за слобода и опстојување.

Емитувањето на ваков настап на јавниот сервис отвори прашања во јавноста за тоа каде е границата меѓу културниот израз и политичката симболика, особено кога станува збор за програма наменета за деца.

CATEGORIES
Share This