ПУТИН УДРИ ПО ОЛИГАРСИТЕ – Побара милијарди од олигарсите за војната во Украина

Сулејман Керимов и Олег Дерипаска се согласија да донираат, додека Путин го зголемува притисокот врз богатите.

ПУТИН УДРИ ПО ОЛИГАРСИТЕ – Побара милијарди од олигарсите за војната во Украина
Фото: Принтскрин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, побара од водечките руски бизнисмени да донираат средства во државниот буџет за да помогнат во стабилизирањето на финансиската состојба на земјата, во услови на растечки трошоци од војната во Украина, јавуваат извори за Фајненшл тајмс.

Според тие извори, Путин го упатил барањето за време на состанок со група истакнати олигарси и јасно ставил до знаење дека е решен да ја продолжи војната додека Русија не ја преземе контролата врз преостанатите делови од регионот Донбас кои не се под нејзина контрола.

Претходно, рускиот претседател поддржувал компромисен предлог Донбас да стане демилитаризирана или специјална економска зона, но се откажал од таа идеја откако Украина ја отфрлила можноста за предавање на регионот, објави Танјуг.

Олигархот Сулејман Керимов наводно понудил да придонесе со 1,1 милијарда евра, додека магнатот за метали Олег Дерипаска исто така се согласил да учествува. Барањето за доброволни прилози е дел од пошироките напори на властите да ги вклучат руските компании во финансирањето на зголемените воени трошоци.

Во јануари, Русија го зголеми ДДВ-то од 20 на 22 проценти за да собере дополнителни средства, а претходно беше воведен и еднократен данок на неочекувани приходи од големи компании. Рускиот министер за економија, Максим Решетников, најави дека се разгледува и можноста за нов данок на неочекувани приходи доколку рубљата продолжи да слабее.

Минатата година, воениот буџет на Русија порасна за 42 проценти и достигна 13,1 трилиони рубли, или околу 143 милијарди евра.

Меѓутоа, борбите во Донбас се забавени поради интензивната употреба на беспилотни летала, што доведе до поголеми жртви меѓу руските сили. Последната рунда мировни преговори беше заглавена во јануари поради несогласувања околу територијалните претензии.

CATEGORIES
TAGS
Share This