БЕЗ НАВИВАЧИ, НО СО СРЦЕ – Охрид тргнува за Атина кон топ-4
Првиот дуел се игра попладнево во Атина без гостински навивачи поради минатогодишниот скандал.

Ракометниот клуб Охрид продолжува да ја пишува најуспешната страница во својата европска историја. Со пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, клубот го потврди својот континуиран раст и сериозниот потенцијал на европската сцена.
Сега, охриѓани се пред нов предизвик и место меѓу четирите најдобри тима во натпреварувањето. Но, задачата нема да биде лесна: во четвртфиналето ќе се сретнат грчкиот гигант Олимпијакос.
Првиот натпревар се игра попладнево во Атина, а по договор меѓу двата клуба и препорака од ЕХФ, двата натпревари ќе се играат без присуство на гостински навивачи. Ова е последица на скандалот од минатата година, кога тимот на АЕК направи инцидент во финалето со Алкалоид во истото натпреварување.
Реваншот ќе се одигра на 4 април (сабота) од 18 часот во СРЦ „Билјанини извори“. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во полуфиналето, каде ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Целје и Бузау.
