33 ГОДИНИ МОНЕТАРНА САМОСТОЈНОСТ Премиерот Кљусев на денешен ден во Собранието ги обзнани првите македонски пари – денари
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“ - рече Кљусев.

26 април е значаен национален и економски датум за Република Македонија. На 0в0ј ден во 1992 година (Велигден), пред 33 година, Република Македонија монетарно се осамостои, а новата македонска валута го добила името „денар“. Денарот се делел на 100 денаи, а неговата скратен назив во платниот промет е „ден“.
Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев на 26 април 1992 година од собраниската говорница ги презентираше првите македонски пари – денари:
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“ – рече Кљусев.
Веќе следниот ден, на 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена. Боновите се издадени во апоенска вредност од 10, 25, 50, 100, 500 и од 1 000 единици со унифициран дизајн и со различна боја. Книжните пари што гласеле на југословенски динари дефинитивно престанале да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари останале во оптек уште една година.
Со воведувањето на денарот како национална валута и Народната банка на Република Македонија почна да функционира како самостојна централна банка. Овој потег ја потврди целосната монетарна независност и стратешкиот курс на земјата кон стабилност и економски раст.
Денес, во земјава како платежно средство се користат книжни банкноти од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари и метални монети во вредност од 1,2,5,10 и 50 денари.


