СЕКОГАШ БЕШЕ ЗАБАВА – Каролина открива скриени моменти од Фламингоси

Пејачката открива како дуото Фламингоси го извлекувало најдоброто од неа и ја правело секоја средба весела.

СЕКОГАШ БЕШЕ ЗАБАВА – Каролина открива скриени моменти од Фламингоси
Фото: Принтскрин

Најновата епизода на Амиџи шоу беше посветена на прерано починатиот Маринко Маџгаљ, кој заедно со водителот Огњен Амиџиќ беше дел од популарното дуо „Фламингоси“. Во емисијата гостуваше и Каролина Гочева, која со Фламингоси ја изведе песната „Ти и ја“.

На прашањето што ја памети од соработката и дружбата со Маринко, Каролина одговори дека сите нејзини сеќавања се поврзани и со Огњен, бидејќи секогаш биле заедно.

„Сите мои сеќавања за него се поврзани и со тебе, затоа што вие двајца секогаш бевте заедно. Секогаш беше некоја забава. Паметам како ме земавте од аеродром и одевме некаде до наутро. Секогаш беше забавно, многу се глупиравме. Навистина многу се глупиравме“, рече Каролина.

Огњен Амиџиќ одговори: „Јас мислев дека Каролина кога дојде ќе биде сериозна, ама таа беше во фаза ‘Ајде, весело, одиме, браво, Каролина!’“

„Како што велиш, јас бев сериозна, ама вие двајца го извлекувавте најдоброто од мене. Баш се забавувавме. Се сеќавам кога доаѓавте и во Скопје. Тогаш бев тазе шофер и ве возев низ град. Ми бевте гости на концерт“, додаде пејачката.

Амиџиќ потоа ја пофали:

„Таква енергија, такво ‘зезање’… си велевме ‘браво, Каролина!’. Навистина многу се дружевме и секогаш кога доаѓавте таму. Ти си еден од најдобрите вокали што сме ги слушнале и имавме чест да соработуваме со тебе. Навистина, тоа си ти“, рече Огњен Амиџиќ.

CATEGORIES
Share This