КОЈ ЌЕ ГИ ЗЕМЕ ПОСЛЕДНИТЕ ВИЗИ ЗА СВЕТСКОТО – Следете ги сите осум меча денес
Од Турција до Шведска сите најголеми изненадувања може да се случат вечерва.

Денеска се играат осум полуфинални средби од плеј-офот за пласман на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи од 11 до 19 јули ова лето во САД, Канада и Мексико. За последните четири европски „визи“ конкурираат 16 селекции, меѓу кои и Македонија, која вечерва ќе се сретне со Данска во Копенхаген.
Интересно ќе биде на сите осум средби, кои се закажани во терминот од 20:45 часот, освен мечот Турција и Романија кој почнува од 18:00 часот.
Во случај Македонија да ја победи Данска, финалето ќе го игра со победникот од дуелот Чешка – Република Ирска.
Посебно внимание предизвикува и настапот на Италија, фудбалски гигант кој не учествуваше на последните две светски првенства, а за квалификациите во Катар значајна е и улогата на Македонија.
Еве ги денешните двојки:
Турција – Романија (18:00 ч)
Словачка – Косово (20:45 ч)
Чешка – Република Ирска (20:45 ч)
Данска – Македонија (20:45 ч)
Италија – Северна Ирска (20:45 ч)
Велс – Босна и Херцеговина (20:45 ч)
Полска – Албанија (20:45 ч)
Украина – Шведска (20:45 ч)


